Застрашувачка анимација покажува како короната експлодирала (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Пред само осум месеци, коронавирусот дури и немаше име, а од јануари, ескалира, патуваше околу планетата и зарази повеќе од 13 милиони луѓе со неверојатна брзина. Новата анимација покажува како короната експлодирала на глобално ниво.

Дизајнерите од компанијата „Глобал статс“ користеле податоци од Светската здравствена организација за нивната анимација. Видеото покажува како нови случаи на заразени пораснале во различни земји низ целиот свет.

Анимацијата, исто така, покажува како се промени стапката на смртност и динамиката на пандемијата. Овој преглед најдобро илустрира со што се бори светот во последните месеци.
Денес имаме само неколку држави, претежно мали островски земји, кои останаа недопрени од коронавирусот.

До денес, 13.717.741 луѓе се разболеле во светот, 587.326 починале, а 8.172.330 се опоравиле.

Во моментов, 4.958.085 луѓе се заразени ширум светот.

Погледнете ја анимацијата:

 

Слични содржини