Актуелно
Почетна / TOP NEWS / ЗАСТРАШУВАЧКО ОТКРИТИЕ: ВО Италија секој 20 дарител на крв бил заразен пред првиот забележан случај на коронавирус

ЗАСТРАШУВАЧКО ОТКРИТИЕ: ВО Италија секој 20 дарител на крв бил заразен пред првиот забележан случај на коронавирус

Секој дваесетти дарител на крв во Милано развил антитела кон „Ковид-19“ пред првиот официјален позитивен случај во Италија на крајот на февруари, утврдило истражувањето на поликлиниката од главниот град на Ломбардија.

Анализата на поликлиниката во Милано потврди дека вирусот циркулирал во Италија пред 21 февруари, кога бил утврден првиот службен случај во Кодоњо.

Студијата, во која беа вклучени 800 донатори на крв, објавена на веб-страницата medRxiv, укажува на тоа дека на почетокот на епидемијата, 4,6 проценти од дарителите на крв веќе имале антитела на вирусот „Ковид-19“, а тој процент се искачил на 7,1 процент на почетокот на април.

Студијата беше дизајнирана и спроведена од експерти од Одделот за трансфузија на поликлиниката во Милано во соработка со Универзитетот во Милано и неколку други истражувачи од здравствени установи во главниот град на Ломбардија, најтешко погодениот регион од вирусот „Ковид-19“ во Италија.

Зачуваните примероци на крв биле користени за да се утврди присуство на антитела, а не затоа што вирусот се пренесува преку крвта.

Истражувањето открило дека први што се заразиле главно биле млади луѓе и дека неодамнешните случаи биле повеќе поврзани со постарите луѓе.
Со повеќе од 32.000 смртни случаи од последиците од вирусот „Ковид-19“ од почетокот на кризата, Италија е трета во светот по бројот на жртвите на тој вирус, по САД и Велика Британија.

Вирусот „Ковид-19“ предизвика најдолга блокада во Европа во Италија, од каде, по повеќе од два месеци, земјата постепено излегува, соочувајќи се со сериозни економски последици.

loading...