Затруените деца на јахтата во Хвар имаат оштетувања на мозокот, останатите Италијанци се опоравуваат

од desk2

Шестмина Италијани меѓу кои и две деца на возраст од 5 и 14 години се во индуцирана кома , откако вдишале јаглероден моноксид од неисправно наместениот генратор на јахтата , на која почина 57 годишен бизнисмен од Сицилија.

Италијанците требало да поминат осум дена на крстарење по Јадранот со јахта , на која пред неколку дена и бил поставен новиот генратор. Но токму генераторот на јахтата Атлантиа беше причина за трагедијата само по два дена од крстарењето.

Италијаните вечерта биле на Хвар на вечера , а потоа легнале да спијат во јахтата. Околу полноќ се разбудиле со силен нагон за повраќање и главоболки. Градоначалникот на едно сицилијанско гратче Бруно Манкузо , кој е еден од настраданите и се опоравува во болницата во Сплит , вели дека имал страшни болки , а потоа го видел својот најдобар пријател Еугенио Винчи , како лежи без свест во тоалетот.

Повикале помош , но било предоцна. Винчи починал , а децата се во критична состојба со тешки оштетувања на мозокот. Во болницата во Сплит , каде што се сместени затруените Италијани има полиција и од Италија.

Хрватската полиција ги уапси сопственикот и капетанот на бродот , кои подоцна беа пуштени да се бранат од слобода до почетокот на судскиот процес.

Хрватите се товарат дека на 8. август , без техничко знаење , нестручно вградиле агрегат за струја , од каде излегувал гас , што се раширил во патничките кабини и предизвикал смрт на еден патник и тешко труење на останатите петмина.

Слични содржини