Затворени Кинескиот ѕид и Забранетиот град: Највисоко ниво на закана по јавното здравје во Кина

од Nikola Popovski

Пекинг прогласи највисоко ниво на закана по јавното здравје заради ширење на коронавирусот, рече претседателот на општинската здравствена комисија во Пекинг, Ли Хаичао.

Градот ќе преземе итни мерки за контрола на ширењето на вирусот, додаде тој.

Ројтерс наведува дека делови од големиот Кинески ѕид, ќе бидат затворени од утре за посетителите, со цел да  го спречат ширењето.

Забранетиот град е исто така затворен.

Во моментов, 29 лица се заразени со вирусот во Пекинг, а еден пациент е во сериозна, но стабилна состојба.

Пекинг веќе затвори неколку културни институции и ги откажа сите јавни настани што ја одбележаат Кинеската нова година.

Според најновите податоци, 849 лица биле заразени со вирусот, претежно во градот Вухан, каде избувна епидемијата и 26 починаа.

Слични содржини