Затвореник од Идризово избегал од комбето додека затворската полиција си купувала појадок

од Vladimir Zorba

Затвореникот од Идризово Фидан Асани им избегал на затворските стражарите при транспорт од комплексот Клиники кон затворот Идризово.

Стражарите застанале на враќање да си купат сендвичи на бензиска по што осуденикот Фидан Асани избегал од комбето. За Асани не било тешко да излезе од комбето во кое се превезувал, бидејќи не бил ниту соодветно врзан. Бегството го сторил токму кај средното училиште Михајло Пупин.

Тој со мал напор успеал да ги отурне и се дал во бегство.

Директорот на затворот Идризово Боби Мојсоски за Сител вели се работи за бегство од немарност на затворските стражарите.

Затвореникот Исени бил осуден на затворска казна од 7 години и шест месеци и тоа за повеќе кривични дела, односно насилство, криумчарење на мигранти.

Слични содржини