Затворениот пливачки базен во Охрид ќе биде готов напролет, најави Мојсовски

од Берта Китинска

Од 1 септември ќе се интензивираат работите на затворениот базен во Охрид, информира денеска директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Според него, базенот којшто се наоѓа во склоп на спортско-рекреативниот центар „Билјанини Извори“е готов скоро 70 отсто и потребно е да се досреди уште внатрешниот дел.

– Ни дадоа гаранција дека до март или април базенот ќе биде готов. Базенот е скоро 70 отсто готов, треба да се донесе да се монтира коритото, горе веќе се направени просториите, трибините, а готова е веќе челичната и бетонската конструкција, остануваат само финесите и внатрешниот дел да се досредат – истакна Мојсовски.

Слични содржини