Затворска казна од девет години за Ѓоко Поповски во случајот „Триста“

од Vladimir Zorba

Порнашениот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски е осуден на затворска казна од девет години за случајот „Триста“, случај кој беше вратен на повторно судење.

Судијката за случајот, Добрила Кацарска истакна дека тој е должен да ги надомести трошоците од 226 илајди денари, како и надоместок од речиси 28 милиони денари, колку што чини штетата која е направена во Министерството за внатрешни работи при набавката на 300 возила.

Како што нагласи Кацарска, иако понудата била поделена на три лота, Комисијата за јавни набавки одлучила да има поделба во секој лот по марка на возила, со што понудата чинела речиси 28 милиони денари повеќе отколку што би чинела доколку возилата се земеле според понудите поставени од економски најсиплатливите оператори.

„Со ваков начин на склучување, биле исплатени 318 милиони или 27.894.000 денари повеќе од она што понудиле прворангираните“, рече Кацарска при изрекувањето на пресудата.

Таа додаде дека иако Поповски како помошник министер бил должен домаќински да се грижи за средствата на МВР, тој направил голема штета во буџетот на Министерството.

„Во телефонски разговор на Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски, јасно произлезе дека постапката била незаконска. Самата Гордана Јанкулоска вели дека направиле финта и на сите им дале по 10-20 возила“, рече Кацарска.

Слични содржини