Завод за рехабилитација доби најсовремен аудиометар со поддршка од Бугарија

од Nikola Popovski

Најсовремен клинички аудиометар е обезбеден во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас со поддршка од Република Бугарија. Со оваа опрема значително се унапредува квалитетот во дијагностиката на слушните оштетувања, како и третманот на лицата со кохлеарен имплант.

Дел од перформансите на аудиометарот се веќе пуштени во употреба во делот на тонална аудиометрија, каде фреквенцијата на пациенти е околу 10-тина дневно.

– Изразувам искрена благодарност до министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Николај Милков, како и до Амбасадата на Република Бугарија, за континуираната поддршка и одличната соработка, посочи министерот за здравство Беким Сали на денешната посета на Заводот.

-Ме радува што на некој начин успеваме да придонесеме за ублажување на состојбата на луѓето кои имаат одредени проблеми. Бугарската програма „Помош за развој“ се распределува различни земји, а во Република Северна Македонија доаѓа на најприроден начин, бидејќи сме блиски. И нашата земја во иднина ќе прави напори во оваа насока, рече министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков, кој доби благодарница и слика нацртана од пациенти на медицинската установа.

Слични содржини