Завршен е модуларниот центар во Велес, болниците во државата со двојно поголеми капацитети на инфективните одделенија

од Берта Китинска

Министерството за здравство информира дека модуларниот центар при Инфективниот оддел на Општата болница во Велес наскоро ќе биде пуштен во функција. Ова е уште еден од 19-те модуларни центри кои се поставуваат во 16 општини низ државата, со цел зголемување на капацитетите на инфективните одделенија.

Модуларниот центар во Велес е со површина од околу 700 м2 и капацитет од најмалку 47 болнички легла и следните функции: клинички услуги за тријажа и проценка на здравствената состојба на лицата кои влегуваат во установата, прием и регистрација, тестирање и дијагностика, вклучувајќи лабораторија, рентген и ЕХО дијагностика, безбедно чување и дистрибуција на лекови за пациентите како и административни и простории за персонал, сместени во чистата зона.

До овој момент, целосно се завршени девет модуларни центри во Гевгелија, Струмица, Кичево, Струга, Куманово, Гостивар, Штип, Велес и Охрид. До крајот на месецот треба да заврши изведбата и опремувањето на центрите во Охрид, Кавадарци, Битола, Прилеп, Тетово, Дебар, болницата во Козле. Дополнително, во Ресен ќе се почне со изведба на модуларната болница која треба да биде готова во месец март.

Сите клинички и општи болници ширум државата добија двојно поголеми капацитети на оние кои веќе ги имаат во постојните инфективни одделенија, подигната е болничка инфраструктура од над 10.000 м2, комплетно опремена со инвентар, не-медицинска и медицинска опрема или над 650 нови болнички легла на ниво на територија на Република Македонија.

Слични содржини