ЗАВРШИ АУКЦИЈАТА за помош на Гаврило: Капитенската лента на Роналдо достигна цена од околу 64.000 евра

од Stefanija Kuzmanovska

Хуманитарната аукција за малиот Гаврило заврши нешто пред 10 часот во петокот.

Последната и најголема понуда за капитенската лента на Кристијано Роналдо на веб-страницата „Лимундо“ изнесуваше 7.500.010 динари (63.758 евра).

Понудувачот „бранко1618“ внесе бројка од 7.500.000 динари на две минути пред крајот на аукцијата, а веднаш потоа понудувачот „МоцартБет“ ја однесе победата во оваа аукција со понудените 7.500.010 динари.

Потсетуваме, хуманитарната организација „Заедно за живот“ ја стави на аукција капитенската лента што ја фрли португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо при напуштање на теренот, се со цел да му помогне на малиот Гаврило Ѓурѓевиќ, кому му се потребни 2,5 милиони евра за лекување.

Слични содржини