Заврши гласањето во Турција

од desk4

Гласачките места во Турција беа затворени денеска во 17 часот по локално време, со што заврши гласањето за вториот круг од претседателските избори. Повеќе од 64 милиони граѓани на Турција имаа право на глас во оваа изборна фаза.

Врховната изборна комисија на Турција најави дека гласачите кои се на гласачките места кога ќе се затворат ќе можат да ги остварат своите граѓански права, што се однесува на правото да гласаат.

Во вториот круг од изборите, граѓаните имаа можност да избираат помеѓу актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган и кандидатот на опозициската коалиција Кемал Киличдароглу. Во првиот круг од изборите пред две недели, Ердоган освои 49,52 отсто од гласовите, но не го достигна потребното мнозинство.

Исто така, гласањето за турската дијаспора заврши, а околу 1,89 милиони гласови од странство пристигнаа во Анкара и ќе бидат преброени по завршувањето на изборниот ден.

Врховната изборна комисија на Турција најави дека резултатите од вториот круг можат да бидат познати порано отколку во првиот круг.

Слични содржини