Заврши Големата Наградна игра на Жито Маркети: ЧЕКОР ДО ЗЛАТНА ДОБИВКА ГИ „ПОЗЛАТИ“ ДОБИТНИЦИТЕ

од Vladimir Zorba
257 прегледи

Во славеничка атмосфера проследена со забава беа извлечени главните добитници од големата Наградна игра „Чекор до златна добивка“ на националниот малопродажен ланец Жито Маркети. Во текот на четирите месеци, колку што траеше Наградната игра, беа поделени вкупно над тристотини поединечни награди во четирите награди извлекувања.

Предраг од Велес, Даниел од Велес, Ивана од Скопје, Лилјана од Скопје, Срѓан од Скопје се добитниците на злaтните плочки како главни награди и круната на „Чекор до златна добивка“. Согласно пропозициите, за извлекувањето во амфитеатарот Младински Парк во Велес, се грижеше петчлена комисија која ја следеше регуларноста на целиот процес. За забавата беа задолжени Викторија Лоба и DJ Мастер Хип, а целиот настан беше пренесуван во живо на социјалните мрежи.

– “35 годишнината од нашето постоење како македонска компанија, беше одличен повод да се одлучиме и оваа година да организираме голема Наградна игра. Нашите ценети потрошувачи изминатите месеци имаа можност, пазарувајќи секојдневно да добиваат одлични награди во рамките на “Чекор до златна добивка”. Им честитаме на сите среќни добитници”- велат одговорните од Жито Маркети.

По деталната анализа на извлечените купони на добитниците на златните плочки, која се изврши по првичната проверка, членовите на Комисијата констатираа дека еден од добитниците не ги исполнил условите за учество во Наградната игра, согласно член 5 и 8 од правилата на Наградната игра, кои се објавени на веб страницата на Жито Маркети.

Во согласност со пропозициите, по утврдување на фактичката состојба, членовите на Комисијата, заедно со организацискиот одбор на Наградната игра од Жито Маркети, одлучија средствата во висина на вредноста на една плочка инвестициско злато од 100 грама, изразено во денарска противредност, да бидат доделени во општествено полезни активности. Односно, Комисијата одлучи овие средства да бидат подарени во детски градинки ширум државата, а листата на овие установи ќе биде утврдена во наредниот период. Подарените финансиски средства во детските градинки би биле наменети за образовни надгледни средства, интерактивни содржини и други видови содржини кои би им помогнале на дечињата во нивниот развој и образование.

Наградната игра „Чекор до златна добивка“ започна на 15-ти мај, извлекувањето се одвиваше во четири етапи, а право на учество имаа сите верни купувачи на Жито Маркети, согласно со Правилата на Наградната игра. Покрај главните златни награди, беа доделени дополнително три автомобили КИА РИО, потоа 20 телевизори, 140 потрошувачки ваучери по 5.000,00 денари и 140 потрошувачки ваучери по 3.000,00 денари, со вкупен фонд на Наградната игра од над 12 милиони денари.

За сите верни потрошувачи во Жито Маркети најавуваат нови изненадувања и во иднина.

Слични содржини