Заврши маршот посветен на загинатите во сообраќајната несреќа кај Ласакрци

од Берта Китинска

Учесниците на маршот и граѓаните кои им се придружија на последната етапа, пристигнаа попладнево на плоштадот во Гостивар. Меморијалниот марш започна утрово и заврши по речиси 12 часа.

Организаторите со маршот долг 55 километри сакаат да упатат апел до државните институции за поголема одговорност во спроведувањето на законите во сообраќајот и за подигање на свеста за поголема безбедност.

Иницијатива за маршот потекна од група планинари од Гостивар.

– Сакам да искажам благодарност до сите учесници и особено сме благодарни сме на општината, полицијата, Дражавни патишта на пружената поддршка и помош за да се реализира целиот овој настан, рече Замир Мустафаи еден од организаторите на маршот.

Стотина лица утрово околу 6 часот го започнаа меморијалниот марш од скопското село Ласкарци, каде пред една година се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа 16, а беа повредени 35 лица.

На 13 февруари 2019 година, во попладневните часови во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, од коловозот излета автобус на компанијата „Дурмо Турс“ кој превезуваше патници на редовна линија од Скопје кон Гостивар.

Слични содржини