Заврши распитот на осомничените за престрелката во Мала Речица

од desk2

Заврши распитот на 12-тте осомничени за вмешаност во инцидентот од 5 април во близина на седиштето на ДУИ во Мала Речица, кој заврши со убиство на Наип Реџепи од Куманово. Ранети беа неговиот брат Сабит, како и лицето Флорим Мисими. По завршувањето на распитот ќе следи групирање и селектирање на фактите или собраните докази, а потоа ќе се состави и обвинението.

Инцидентот се случи веднаш по одржувањето на состанокот на кумановскиот разгранок на ДУИ во Мала Речица со лидерот на партијата, Али Ахмети, за надминување на долгогодишните спорови. Членот на разгранокот на ДУИ во Куманово и општински советник Фериз Дервиши два дена по инцидентот во изјава за Алсат, рече дека случајот нема политичка позадина бидејќи жртвата Наип Реџепи неколку пати бил провоциран.

Дервиши тогаш тврдеше и дека на состанокот, поранешниот потпретседател ДУИ, Назми Беќири имал закани. Од друга страна, токму Беќири по инцидентот, на својот профил на социјалната мрежа на Фејсбук, напиша дека убиството се случило по средбата на ривалските групи за управување со огранокот на ДУИ во Куманово.

Тој дури тврдеше дека од Али Ахмети барал средбата да се одложи додека не се смират страстите. Недоразбирањата околу управување со разгранокот на ДУИ во Куманово постојат со години, а во јуни 2015 година, беше убиен кандидатот за претседател на разгранокот, Џемаил Реџепи, познат како командант Шќипоња./Alsat M

Слични содржини