Заврши референдумот во Русија: 77 проценти од граѓаните му дозволија на Путин да остане на власт до 2036 година

од Nikola Popovski

77,53 проценти од руските граѓани гласале за измените во Уставот на Русија, додека 21,66 проценти од граѓаните биле против, покажуваат податоците на Централната изборна комисија на Русија по обработката на 70,43 проценти од материјалот за гласање од спроведениот референдум.

Според првичните податоци, вкупната излезност за гласањето за измените на Уставот на Русија е 65% од вкупното гласачко тело, изјавила претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова.

На гласачкото место во Руската академија на науките, за измените на Уставот, денеска гласал и рускиот претседател, Владимир Путин

Гласањето за измени во Уставот на Руската Федерација беше закажано за 22 април, но тоа беше одложено поради епидемијата на вирусот корона. Подоцна, рускиот претседател Владимир Путин постави нов датум на гласање – 1 јули. Сепак, како резултат на епидемиолошката состојба во земјата и безбедноста на граѓаните на Русија, беше можно да се гласа за измени во Уставот цела недела – од 25 јуни до денес.

Измени и дополнувања на Уставот на Русија

Во јануари 2020 година, Претседателот на Русија предложи измени во основниот закон на земјата, што ќе го направи овој документ повеќе усогласен со современите потреби. По дискусијата на работната група за измените, Државната Дума на Русија го усвои нацрт-законот даден од Путин на 11 март. Во истиот ден, предлогот беше одобрен од Советот на Федерацијата. После тоа, рускиот претседател потпиша указ со кој се уредува гласањето за измените на Уставот да биде на 22 април, но овој датум подоцна беше одложен поради пандемијата на коронавирус. Ова му го отвора патот на рускиот претседател Владимир Путин повторно да се кандидира и евентуално да остане на власт до 2036 година.

Сегашниот Устав беше усвоен во 1993 година.

Слични содржини