Заврши реконструкција на ул. Боца Иванова во Бутел

од Vladimir Zorba

Со бележење на сообраќајна сигнализација, во рекордно кратко време за само 20 дена заврши реконструкцијата на улицата „Боца Иванова“ во општина Бутел.

Оваа фреквентна сообраќајница е целосно реконструирана во должина од од 800 метри, на потегот од кружниот тек до улицата Лазар Трповски.

Град Скопје продолжува со градежната офанзива за реконструкција на градските улици и булевари во рекордно кратки рокови и работа во ноќните часови со цел избегнување на сообраќајните гужви, а граѓаните добиваат квалитетни и безбедни сообраќајници.

Слични содржини