Заврши средбата на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska

Средбата на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Брисел заврши нешто по 13 часот, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, веднаш потоа имаше билатерална средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Состанокот на лидерите на ЕУ-ЗБ траеше повеќе од три часа, а главна тема на разговор беа начините за зајакнување на интеграцијата на регионот во ЕУ.

Инаку, Самитот заврши многу подоцна од планираното.

Средбата траеше речиси четири часа, а беше планирано да трае до два часа.

Прес-конференцијата по самитот, на која требаше да се обратат лидерите на Европската унија, беше откажана.

На заедничката прес-конференција треба да се обратат лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија, Александар Вучиќ, Еди Рама и Димитар Ковачевски, но времето на нејзиниот почеток се уште не е потврдено.

Попладнево во Брисел почнува самитот на Европскиот совет, на кој учествуваат лидерите на ЕУ и шефовите на држави или влади на нејзините земји-членки. Пристигнувањето на учесниците беше најавено во 14.15 часот.

Слични содржини