Заврши тестирањето: Во градот од каде што започна пандемијата откриени се само 300 асимптоматски случаи

од Nikola Popovski

Кинескиот град Вухан, каде за првпат започна пандемијата на коронавирус, не објави нови случаи на Ковид-19, но се пронајдени 300 асимптоматски носачи откако градот го тестираше најголемиот дел од вкупното население од 11 милиони, соопштиле денеска градските власти.

Властите започнаа амбициозна кампања за тестирање на градот, на 14 мај, опфаќајќи 9,9 милиони луѓе, откако серија нови случаи предизвикаа стравувања од втор бран на инфекцијата.

Но, во кампањата, која траеше до 1 јуни, не се пронајдени нови случаи на Ковида-19, болест предизвикана од коронавирусот, изјавиле официјалните лица.

Според нив, било утврдено дека асимптоматските носители не се заразни, бидејќи не остануваат никакви траги од вирусот на работите што ги користеле тие 300 луѓе, како што се нивните маски, четки за заби и мобилни телефони, или рачките на вратите и копчињата на лифтовите што ги допирале.

Кина не ги брои асимптоматски носители – луѓе кои се заразени со вирусот, но не покажуваат симптоми на болеста. Градот во централна Кина и главен град на провинцијата Хубеи, беше ставен во карантин на 23 јануари. Карантинот беше укинат на 8 април.

Од сите други градови во Кина, Вухан беше најтешко погоден и се проценува дека во него имало мнозинство од вкупно 4.634 смртни случаи и вкупно 83.022 случаи на инфекција пријавени во тлото на Кина.

Тестирањето на целиот град чинело 900 милиони јуани.

Слични содржини