Завршија реставраторските и конзерваторски работи на главниот конак во Свети Пантелејмон

од Vladimir Zorba

Завршија реставраторските и конзерваторски работи на главниот конак во манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон, во Горно Нерези.

Општина Карпош целосно ја обнови столаријата и внатрешно го уреди конакот. Заврши реконструкцијата на подот, на тоалетите, а се направи и замена на прозорите.

Исто така, поставен е и нов систем за противпожарна заштита и електрична инсталација.

На овој начин, целосно се врати во функција главниот конак на овој манастирски комплекс. Уште поважно е што истиот има автентичен и уникатен изглед, во духот на манастирската целина, имајќи го предвид фактот дека црквата Свети Пантелејмон е дел од нашето културно наследство која датира уште од дванаесетиот век.

За оваа инвестиција, Општината искористи средства од 6 милиони денари од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој. За оваа реконструкција, согласност даде и ресорното Министерство за култура.

Свети Пантелејмон е дел од националната туристичка мапа и со овој проект се придонесува кон негово заживување, со што станува уште поатрактивен за домашните и странски туристи.

Слични содржини