Завршна изјава на Заев, Вучиќ и Рама: „Отворен Балкан” е демонстрација на напредокот што може да го постигнеме сами

од Vladimir Zorba

Ние сме Европејци и нашата иднина е европска. Остануваме посветени на Берлинскиот процес и нашата европска перспектива. Нашите влади се посветија на спроведување на четирите слободи и единствениот регионален пазар, последно на Самитот во Берлин на 5-ти јули. „Отворен Балкан” се надградува на истата визија како и заедничкиот регионален пазар и ги покануваме другите страни во регионот да ни се приклучат кон забрзувањето, спроведувањето и исполнувањето на нашите регионални обврски. „Отворен Балкан” е демонстрација на напредокот што може да го постигнеме сами, се вели во завршната изјава на економскиот форум во Скопје на Александар Вучиќ, претседател на Република Србија, Еди Рама, премиер на Република Албанија и Зоран Заев, премиер на Република Северна Македонија.

Иако перспективата за пристапување кон ЕУ останува катализатор во нашата регионална соработка, ние не треба да чекаме секое прашање да биде решено или Европа да дојде до консензус со цел да ги подобриме животите на нашите луѓе, истакнуваат тие.

„Во тој дух, ги покануваме сите наши колеги на Западен Балкан да ни се приклучат кон нашите иницијативи, правни инструменти и практични проекти како што се овие“,сепосочува во завршната изјава.

Денес се потпишани три договори: Заедничка реакција на природни и други катастрофи; Дозвола на граѓаните да работат во државите; и Помош за стоките да се движат без непотребно одложување.

Слични содржини