Завршни зборови на судењето: „Само една личност е злоставувач во оваа судница, но тоа не е Џони Деп“

од Stefanija Kuzmanovska

Судењето меѓу поранешните сопружници полека привршува, а сите едвај чекаат да ја слушнат одлуката на поротата.

Едно од најгледаните судења досега, меѓу Амбер Херд и Џони Деп, привршува.

Сведочењето и испитувањето на сведоците се завршени, а сега се чека одлуката на поротата.

Адвокатите го дадоа завршниот збор, а судењето траеше цели шест недели.

Што се однесува до завршниот збор на адвокатката на Џони Деп, таа истакна дека Амбер мора да одговара за сите нејзини лаги, додека, од друга страна, нејзините адвокати заклучиле дека Џони бил насилник и дека тоа станало јасно во текот на ова шестнеделно судење.

„Само една личност е злоставувач во оваа судница, но тоа не е Џони Деп“, заклучила адвокатката на Деп, потсетувајќи на видеото на кое Херд признава дека го удрила Деп, нејзиниот тогашен сопруг.

Васкез изјави и дека Деп бил тој кој бил под постојани вербални, физички и емоционални напади.

Се уште не се знае кога поротата ќе ја донесе конечната одлука, пренесува АФП.

Слични содржини