Завршни зборови „Рекет“: Торбата Луј Витон, заврши во домот на родителите на Јовановски

од Берта Китинска

На денешното судење на „Рекет“, Рускоска потсети на денот кога сведокот Јордан Камчев (осомничен во ,,Империја”) го пријавил случајот во Обвинителството за борба на против организираниот криминал и корупција и рече од тоа што го слушнала мислела дека е во некој лош сон.


Дел од завршните зборови на обвинителството во предметот „Рекет”, беа и разговорите меѓу сега осудениот Зоран Милевски-Кичеец и обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, каде овој му вели на Кичеец дека сметките на Камчев нема да бидат замрзнати.

Во дополнение на доказна постапка одбраната на Катица Јанева, достави доказ дека поднел приватна кривична тужба против лицето Бојан Јовановски, за неовластено снимање. Рускоска, овие снимки ги толкуваше како вистинити и дека е вистина дека обвинетата Јанева, зела пари од обвинетиот Јовановски.

Таа исто потенцира дека Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, нема намера никого да штити.

– Ако и јас сум направила кривично дело, и јас треба да одговорам. Не е вистина дека сум имала аномозитет за Катица Јанева. Од почетокот сум ја подржала Катица Јанева и цело СЈО. Но, аномозитотот за Јанева, почна по истражна постапка за овој предмет, рече Рускоска.

И торбата Луј Витон, се спомна во завршните зборови која, според Рускоска, таа завршила во домот на родителите на обвинетиот Јовановски.

Следното рочиште е закажано за 1 јуни на кое завршни зборови треба да даде одбраната.

Слични содржини