Завршни зборови во случајот „Трезор“: Се бара конфискација на имот и да се плати штета од 50 милиони денари

од Nikola Popovski

Обвинителите Трајче Пеливанов и Артан Ајро во нивните завршни зборови за случајот „Трезор”, побараа од Судот да ги прогласи за виновни и да им одреди казни согласно закон, но и конфискација на возило ауди и пари од две сметки, како и обвинетите да го платат преостанатиот износ од штетата.

„Како имотна корист прибавена со кривично дело за правното лице ДТУ „Финзи” ДООЕЛ од Скопје, избришано од Централен регистар на 18.02.2011, а конфискација да се изврши на парични средства од денарска сметка во Охридска банка во вредносг од 838 106 денари и девизна банкарска сметка 145 619 евра, како и конфискација на ПМВ Ауди А4 со проценета вредност од 1 026 285 денари“, побара обвинителот Артан Ајро.

Тој во завршните зборови не спомена за чии сметки и автомобил се работи, а за да се покрие останатиот износ од штета до речиси 50 милиони денари, побара да ја надоместат четворицата обвинети: ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и поранешениот началник на Петтата управа во УБК, да платат по околу 11,5 милиони денари, шефот на кабинетот на Мијалков и поранешен началник на оддел во Управата, Тони Јакимовски да надомести нешто повеќе од 7 милиони денари, а поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ околу 6 милиони денари.

Државниот правобранител Линда Зибери, на крајот рече дека останува на оштетеното побарување од 48 480 942 денари, за кој е оштетен Буџетот на државата со злоупотреба на службената должност.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски.

Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, Тони Јакимовски за помагање.

Слични содржини