Завршни зборови за судскиот процес Заев против Николовски, пресудата ќе биде објавена следната недела

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев не се појави на рочиштето во граѓанската парница со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Николоски доби тужба од Заев откако изјави: „Заев е врвот на пирамидата во случајот Рекет“.

Според него рочиштето траело долго, за што немало потреба, со оглед на тоа што завршните зборови биле на писмено. Сепак, тој изрази надеж дека неискуството, како што рече, нема да влијае на одлуката во овој предмет, имајќи предвид дека се промени судија.

-Се надевам дека неискуството нема да влијае на одлуката во овој предмет, имајќи предвид дека се промени судија. Досега се водеше коректно се надевам дека и така ќе остане. Јас сум апсолутно убеден дека Зоран Заев не може да го добие овој спор против мене во тужбата за клевета. Всушност најдобар доказ за тоа е што повторно не се појави на рочиштето. Да ја потсетам јавноста дека тој ме тужи мене, а не го тужам јас него. И тој не се појавува на рочиштата на кои што ме тужи мене.  Очекувам судот да донесе пресуда во моја корист“, изјави Николоски.

Заев го тужи Николовски за изјава дадена во август 2019 година, во која тужениот го обвинува оти е на врвот на пирамидата што рекетирала над 20 милиони евра. Заев бара отштета од 60.000 денари. Претходно и Вице Заев, братот на премиерот, го тужеше Николовски за клевета, со што судот пресуди во корист на тужителот.

Пресудата за случајот се очекува на 11 ноември

Слични содржини