Завршува Есенската сесија на ПС на ОБСЕ

од Vladimir Zorba
74 прегледи
Со сесијата „Подобрување на управувањето со меѓународната миграција врз основа на човековите права“ денеска завршува Есенската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ.
На сесијата ќе се обратат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседавачот на Комитетот за миграции на ПС на ОБСЕ Филипо Ломбарди по што следува дебата.
Есенската сесија на ПС на ОБСЕ почна завчера со Медитаранскиот форум, а продолжи со парламентарната конференција на тема „Зајакнување на мерките за градење доверба и добро владеење во регионот на ОБСЕ“.
Во рамки на конференцијата, покрај поселедната сесија на која ќе се обратат Спасовски и Ломбарди, се одржаа уште две на тема „Доброто бладеење како основа за поттикнување на економскиот развој во регионот на ОБСЕ“ и „Развој на демократските институции и човековите права во ЈИЕ: улогата на ОБСЕ“.
Вчера попладне се одржа и седница на Постојаниот комитет по кој прием организираше претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Слични содржини