Завршува изградбата на магистралниот гасовод Скопје-Гостивар: Проток на гас се очекува наредна година

од Nikola Popovski

„Денеска заедно со директорот на Национални Енергетски Ресурси и заменик министерот за транспорт и врски, бевме присутни на увид на градежните работи на магистралниот гасовод Скопје – Гостивар. На овој гасовод имаме реализација со преку 75 %. Тоа што можеме да најавиме е отпочнување на постапките за изградба на нови магистрални делници и тоа: гасовод од Велес до Свети Николе, од Гостивар до Kичево и од Неготино до Гевгелија и интерконекциско поврзување со Грција“, објави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тие, заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи извршија увид во изградба на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар.

Оваа делница е инвестиција од 29 милиони евра.

Во завршна фаза, наведе Бочварски, е и магистралниот гасовод Неготино-Битола и ќе биде завршен во текот на оваа година.

Министерот за транспорт најави дека почнуваат постапките за изградба на магистралниот гасовод од Неготино до Гевгелија и интерконекциското поврзување со  Грција. Во текот на наредната година продолжуваме со гасоводот  од Свети Николе до Велес и од Гостивар до Кичево, рече Бочварски.

Тој најави дека уште месецов, како и во наредниот период ќе бидат почесто на терен за да се отстранат сите проблеми што  се јавуваат на трасата и да се зголеми нивото на капиталните инвестиции.

 

Слични содржини