Завршува „слободниот“ викенд, можно е воведување рестрикции во движењето

од Берта Китинска

Расте бројот на пациенти кои имаат потреба од болничко лекување В понеделник ќе се знае дали Комисијата за заразни болести ќе предложи нови рестриктивни мерки.

Министерот за здравство се надева дека мерките задолжителното носење маски на отворено, забраната за групирање и скратеното работно време за угостителите, ќе да даде резултати.

„ Согласно оној циклус за три до четири недели од пренос на вирусот, детекција, евентуален развој на болеста кај носителите на вирусот овој период кој што доаѓа од некаде две недели, сепак би требало да даде некаков резултат во смисла на намалување на новодијагностицирани пациенти“, вели Венко Филипче.

Комисијата за разгледување на нови дополнителни мерки ќе одлучува на состанокот в понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат.

-Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викеднот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд, велат од министерствот за здравство.

Има доволна количина на брзи тестови

Министерот Венко Филипче рече дека граѓаните немаат потреба да стравуваат бидејќи има набавено доволна количина на брзи тестови и секој кој има симтоми може да се јави или на пунктовите или во болниците и да биде тестиран.

„Она што го правиме во изминатиот период е зголемување на бројот на тестови, особено на брзите тестови кои имаат посебна индикација. Пристигнати се 13 илјади брзи тестови , ние сме во постапка на набавка. Значајна количина на тестови ќе стигне во сите центри и согласно индикацијата и потребата сите граѓани ќе може да бидат тестирани“ рече Филипче

Покрај анестезиолози, на Инфективната клиника има и тренирани инфектолози

„Ова е болест којашто во најтешката форма ги засега белите дробови на начин на кој е потребна механичка поддршка. Освен тренираните инфектолози на Инфективна, заради природата на работа и порано за други болести поставувале пациенти на респиратор, сега заради поголемиот притисок и поголемиот број на пациенти, беа присутни и анестезиолози. Тоа е така и во ’8 Септември‘. Тие експертите кои, прво, може да постават пациент на респираторна машина и второ да ги регулираат параметрите како таа респираторна машина функционира“, изјави.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 46062, бројката на оздравени пациенти е 26981, на починати е 1281, а бројот на активни случаи изнесува 17800.

Слични содржини