Завршува судскиот процес за „Насилството и шамарите во Центар“: Која ќе биде конечната пресуда?

од Nikola Popovski

Судскиот процес за насилствата и шамарите во општина Центар е пред завршница. Денес во судот се слушаа завршните зборови на одбраната, а утре околу 12 часот треба да биде објавена пресудата.

Обвинетиот Миле Јанакиески смета дека обвнителството неосновано го профилира како близок соработник на Груевски. Токму таа квалификација за блискост со експремиерот, рече дека го чинела притвор пред две години, поради опасност дека Груевски ќе му помогне да избега.

„Обвинетата Даниела Рангелова се ослободи, осуденот Томислав Лазаров се договори, Никола Ггруевски замина и остана Миле Јанакиески да биде огласен за виноцен за некој да може да поентира од овој случај, некаква победа за правда која е никому несфатлива и не веродостојна“, изјавил во судницата Јанакиески.

Тој го уверуваше судијата дека не бил поттикнувач ниту давал насоки за насилни протести пред општина Центар во 2013 кога се менуваше ДУП-от за Мал Ринг.

Адвокатите во завршниот збор неколку часа анализираа дека обвинителството не дало докази за насилство и поттикнување и рекоа ако Јанакиевски бил човек од доверба на Груевски немало да биде следен незаконски.

На минатото рочиште кога обвинителката Фатиме Фетаи ги даваше завршните зборови и побара максимални казни за организаторите на насилните протести, Никола Груевски и Миле Јанакиески, додека за четворица од учесници на протестот побара затворски казни, а за еден условна казна бидејќи, како што рече, неговите насилнички дејствија немаат таков интензитет.

Пред да ги побара казните и да ги анализира доказите, Фетаи го повлече обвинението за тројца обвинети. Меѓу нив, поранешната пратеничка Даниела Рангелова, која во периодот на протестите беше советничка во општинскиот Совет од ВМРО-ДПМНЕ во Центар, и двајца учесници на протестите.

Слични содржини