Зборот на Ворен Бафет доволен за да паднат акциите на Apple?

од Берта Китинска

Минатата недела акциите на Apple паднаа за четири проценти. Случајно или не, тој пад се совпадна со информациите откриени од Ворен Бафет.

Имено, неговата компанија „Berkshire Hathaway“ откри дека донекаде ја намалила изложеноста на акциите на „Apple“.

Сепак, во портфолиото сè уште има дури 887 милиони акции на Apple, кои во моментов вредат 115 милијарди долари на пазарот.

Во исто време, неговата финансиска холдинг компанија има двојно зголемен удел во „Verizon“, бидејќи купи акции во вредност од 8,6 милијарди долари, а исто така се обложува и на растот на акциите на „Chevron“, бидејќи влезе со удел од 4,1 милијарди $.

Бафет во последно време ги продава акциите на фармацевтскиот концерн Pfizer, како и на банките JP Morgan Chase и Wells Fargo.

Слични содржини