Зборовите на Роналдо по шамарот од Ливерпул болат повеќе од срамот на „Олд Трафорд“

од Vladimir Zorba

Шамарот на Ливерпул и тоа како боли. Да примиш пет „парчиња“ на „Олд Трафорд“ и да не ја затресеш мрежата на противникот барем еднаш е повеќе од срамен резултат на Манчестер Јунајтед.

Норвешкиот тренер Оле Гунар Солскјер доби одврзани раце, купуваше во текот на летото како никој друг, направи тим за најголеми достигнувања, а потоа шок.

Машинеријата на Јирген Клоп го направи она што го кажа Пол Сколс по триумфот на „ѓаволите“ над Атланта… Само поранешната ѕвезда на Манчестер се осмели да го каже, тоа што го видоа сите.

А уште поизненадувачки е изјавата на Кристијано Роналдо по мечот, кој е познат како некој кој го турка тимот напред и секогаш е незадоволен.

Со неуспехот овојпат се помири и Португалецот.

– Понекогаш резултатот не е оној за кој се бориме. Понекогаш резултатот не е онаков каков што сакаме. И ова зависи од нас, само од нас, бидејќи никој друг не е виновен. Нашите навивачи повторно беа неверојатни, не поддржуваа цело време. Тие заслужуваат подобро од ова, многу подобро, а ние мора да го направиме тоа за нив. Дојде време – порача Роналдо на социјалните мрежи.

Јунајтед е во голема неволја, а навивачите бараат смена на тренерот, бидејќи се чини дека овој дебакл беше капката која ја прели чашата.

Слични содржини