Времето на салатите официјално настапи, иако е убаво тие да бидат присутни во исхраната во секое време од годината. Во случај дека сте се заситиле од сите познати рецепти за салати и сакате да пробате нешто ново и здраво – салатата со киноа е вистинскиот предлог за вас!103964e4150ba8fcd2802956478363b3

Како што веројатно ви е познато, киноа е исклучително корисно. Тоа додава потребната текстура на секое јадење, здрава доза од цели зрна и биланс на есенцијални аминокиселини.

* Бонус хранливи информации на порција: 258 калории, 11,6 грама масти (1,5 грама заситени), 377 милиграми натриум, 31 грама јаглехидрати, 10 грама протеини, 7 грама влакна;

Потребни производи за здравата салата со киноа:

– 1 лажичка рендана кора од портокал;

– 3/4 лажичка незасладено какао;

– 1/2 лажичка ким;

– 1/2 лажичка цимет во прав;

– 2 лажици свеж сок од портокал;

– 1 и пол лажица оцет;

– 1 лажица чили;

– 2 лажици маслиново масло;

– 3 чаши варено киноа – на собна температура;

– 1/2 чаша семки од сончоглед;

– 1/4 чаша сецкан свеж магдонос;

– 1/2 лажичка сол;

– 2 стапчиња праз;

– 1 мала лута пиперка – ситно сечкана (по желба);

– 1 конзерва со црн грав – исплакнат и исцеден;

– 4 чаши листови спанаќ и други зелени салати по избор;

Начин на приготвување:

1. Додајте кора од портокал, незасладено какао, кимот, циметот во прав, свеж сок од портокал, оцетот и Чиле во сад. Постепено додавајте го маслиновото масло и добро промешајте додека не се добие хомогена смеса.

2. Додадете го остатокот од состојките (без зелените лиснати зеленчуци) во голем сад и се прелива со добиениот сос. Добро промешајте. Потоа додадете го спанаќот и другите зелени салати и повторно промешајте. Се служит и се зачинува салатата дополнително, ако е потребно.

Фото: pickyeaterblog.com

Слични содржини