Здрави намирници кои можете да ги јадете навечер без да се здебелите

од Vladimir Zorba

Додека гледате филм навечер, веројатно би грицнале нешто, но чипсот и нему сличната храна само ќе придонесат за зголемување на телесната тежина. Експертите открија каква храна можете да јадете навечер без да се здебелите.

Бобинки (капини, малини, боровинки, јагоди, итн.) – Бобинките се богати со растителни влакна кои ви помагаат да се чувствувате сити, а исто така содржат и магнезиум, минерал кој ги релаксира нервите и мускулите.

Крекери од цело зрно – Ова е одлична и здрава храна, затоа е идеална за ужинка ноќе, само внимавајте да земате крекери без сол.

Моркови и хумус – Ако сакате да јадете нешто крцкаво без многу калории, ова е одличен избор. Свежи моркови и хумус се добра и здрава комбинација.

Пуканки – Ако ви се јаде нешто солено и крцкаво, пуканките се идеален избор. Пуканките се богати со растителни влакна, па лесно ќе ве заситат. Избегнувајте пуканки со путер и сол бидејќи поздрав избор е оној со маслиново масло или свежи зачини.

Јаткасти плодови – Јаткастите плодови како лешници или бадеми се богати со протеини и магнезиум, така што лесно ќе го задоволат вашиот апетит и ќе ви помогнат да заспиете порано, пишува Times of India.

Слични содржини