Здравствен дом – Скопје: Д-р Гроздановски не е повеќе вработен затоа што три дена не се појавил на работното место

од Nikola Popovski

Од ЈЗУ Здравствен дом –Скопје денес се огласија со реакција по вчерашните пишувања во медиумите дека д-р Мирослав Гроздановски добил отказ од работното место затоа што укажал на грешка. Тие ги демантираат ваквите вести и соопштуваат дека докторот од 30.07.2021 година не е вработен во Службата за неврологија при ЈЗУ Здравствен Дом Скопје поради тоа што по своја волја односно самоиницијативно од 26.07.2021 година до 28.07.2021 година три дена не се појавил на работното место специјалист невролог.

-По добиеното известување на 29.07.2021 г. од Раководителот на Службата за неговото неоправдано отсуство институцијата мораше да постапи согласно законските обврски . Информираме дека Др.Гроздановски беше вработен во ЈЗУ Здравствен Дом Скопје како специјалист по неврологија и неговото прераспоредување во друга поликлиника не е воопшто поврзано со фотографираната погрешна табла ( како што тој наведува) туку заради потреба од специјалистички услуги од овој тип во Поликлиника Бит пазар во која неколку месеци нема специјалист невролог ,а на истото подрачје здравствената услуга од овој тип е неопходна, информираат од Здравствен дом – Скопје.

Од таму додаваат дека согласно Статутот и организацијата на Домот, лекарите се распределeни по служби, а не по поликлиники и за потребите на домот се распределуваат во поликлиники каде е потребно, се со цел сите здравствени услуги да се достапни на граѓаните на сите подрачја на територија на град Скопје и околните места.

Слични содржини