Здравствените работници упатија порака: Има време и за журки и забави!

од Берта Китинска

Здравствените работници ја поддржуваат кампањата „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците.

Тие преку видео упатија порака до граѓаните:

-Ако нешто нѐ научи оваа 2020 година тоа е сигурно дека најважни се нашите семејства и најблиските. Поминавме една тешка година и сега, во последните мигови не смееме да се откажеме. Да ги почитуваме мерките и претстојните новогодишни празници да ги прославиме во кругот на најблиските. Има време и за журки и забави. Сѐ ова ќе помине, ќе дојдат поубави и посреќни моменти, велат здравствените работници.

Слични содржини