Здравственото одделение на Омск откри што се случило со облеката на Навални

од Stefanija Kuzmanovska

Облеката на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, во која тој беше хоспитализиран во болницата во Омск на 20 август, ја запленија истражителите, соопшти денеска Здравственото одделение на Омск.

Истражителите ја запленија облеката на Навални за време на предистражната инспекција, а ние не сме запознаени со нејзината судбина, објави прес-службата на Министерството за здравство, пренесе ТАСС.

Ова е работа на органите за спроведување на законот и истрагата, а не на Министерството за здравство или болничката администрација, наведе прес-службата на Министерството за здравство.

Претходно денес, Навални побара од руските власти да ја предадат облеката во која се наоѓал кога падна во кома минатиот месец и ја обвини Москва за ускратување важни докази за неговиот случај.

Навални рече дека облеката му била одземена пред да биде префрлен во Германија на лекување од Сибир, откако му се слошило на домашен лет, објави „Ројтерс“.

„Пред да дозволат да ме одведат во Германија, ти ја соблекле целата облека од мене и ме испратиле потполно гол“, напиша Навални на својата веб-страница.

„Имајќи предвид дека „новичок“ е пронајден на моето тело и дека тоа е многу веројатна инфекција при контакт, мојата облека е многу важен доказ“, смета тој.

 

Слични содржини