Зејтинот поевтини за 40 денари, велат од „Витаминка“

од Nikola Popovski

Генералниот извршен директор на „Витаминка”, Сашо Наумоски денеска информира дека цената на зејтинот е намалена за скоро 40 денари.

-Цените на репроматеријалите мируваат. Витаминка има инсталирано премногу фотоволтаични централи кои досега делуваа на падот на цената на маслото за јадење. Ние се трудиме и понатаму цената да ја намалиме и да ја носиме како што беше пред три години. Цената најмногу од суровината. Што се однесува за енергијата, веќе 30 отсто имаме инсталирано фотоволтаични централи кои ни ги намалуваат трошоците за производство на крајниот производ, истакна Наумоски при денешната посета на премиерот Димитар Ковачевски на фабриката „Брилијант” во Штип, која е дел од групацијата на „Витаминка”.

Слични содржини