Зеќири бара да му биде укинат притворот: „Нема зошто да бегам“

од Берта Китинска

Поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири од апелационите судии побара да биде пуштен на слобода.

Тој денеска на јавна седница во Апелациоскиот суд убедуваше дека нема да избега од државата во случај да му биде укината мерката притвор.

-Да сум сакал да бегам, сум имал простор повеќе од една година бидејќи знаев дека се води постапка. Не размислувам ниту имам зошто да бегам, кажа Зеќири.

Обвинителството се сомнева дека Зеќири заедно со уште 2 државјани го оштетиле Буџетот на државата за околу 800 илјади евра за советнички услуги на Владата.

Зеќири дојде на функцијата генерален секретар на Владата откако тогашниот, Драги Рашковски, се повлече поради истрага а подоцна и обвинение за скандалот со набавката на софтвер тежок 100 илјади евра.

Слични содржини