Зекири демантира дека бил на ОИ во Токио

од Nikola Popovski

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири ги демантираше шпекулациите во јавноста дека отпатувал во Токио на ОИ, заедно со челниците на МОК.

-Новинарот Боби Христов подлегнал на лажните вести и дезинформации на квази новинари кои измислија деновиве дека сум отпатувал во Токио со челниците на МОК. Најмалку што очекувам од него е да ми се извини јавно на ист начин како што напишал на коментарот од својот пост на фб, објави Зекири на Фејсбук.

Претходно новинарот на Телма на својот ФБ профил сподели дека генералниот секретар отпатувал во Токио и праша колкави дневници зема за патувањата.

На дебатата се приклучи и адвокатот Сашко Дуковски.

-Секако не ми е јасно што бараат таму директори на државни компании со жените. Не изоставувам никого. С од спорт не знаат, ниту ги интересира, напиша Дуковски.

 

Слични содржини