Зекири: Институциите почнаа да ги чешлаат судиите, резултатите јавно да се објават

од Viktor Jovanov

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, во вечерашната дебата на Телевизија 24 изјави дека Европската унија не дозволува ветинг во судството од причина што такво нешто се случило во Албанија, и не поминало како што треба. Наместо тоа, Зекири вели дека се посочува кон прочистувањето во судските редови.

-ЕУ не ни дозоволува ветинг. Знаат како помина во Албанија, и сега се оди на прочистување. Инстутциите почнаа да ги чешлаат судиите, гледаат што имале кога почнале и што имаат после 10 години работење. Тие институции се УЈП и Антикорупциската комусија. Ги повикувам институциите да ги следат и да ги објават јавно имињата на судиите. Има судии со по не знам колку станови, вили, коли, а со плата на судија знаеме дека тоа не може да го спечалат, вели Зекири.

Слични содржини