Зекири ја доби тужбата за клевета против Зоран Божиновски

од Vladimir Zorba

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири ја доби тужбата за клевета против Зоран Божиновски.

Станува збор за текст објавен на 27. октомври 2020 година во кој новинарот Божиновски тврди дека Зекири и Ерол Муслиу со сопругите се вмешани во „перење“ 1,2 милиони евра од исламска земја.

Судот утврди граѓанска одговорност на тужениот Божиновски за клевета, преку објавување на личниот фејсбук-профил на новинарот на „невистинити факти, вршејќи повреда на неговите лични права, достоинство, чест и углед“.

Сумата од 100.000 денари кои ќе ги добие на име отштета, тој планира да ги донира во борбата против лажните вести.

Слични содржини