Зеќири: Лидерот на партијата ќе одлучи дали ќе останам потпретседател на СДСМ

од Берта Китинска

Генералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири не знае дали ќе остане потпретседател на СДСМ по конгресот  кој треба да се одржи на  16 мај.

-На конгресот не се бираат потпретседатели на партијата тоа право го има претседателот тој ги предлага по конгресот.Сега има можност да имаме четири, потпретседатели на СДСМ, вели Зеќири.

Тој напомена дека претседателот на СДСМ по конгресот ќе ги назначи потпретседателите бидејќи тоа е и негова статутарна обврска.

– За тоа дали ќе останам потпретседател на СДСМ ќе треба да го прашате лидерот на партијата, кусо изјави Зеќири.

Слични содржини