Зекири: Македонското лекарско друштво доделило благодарница на доктор кој на почеток од пандемијата 8 недели избегал на боледување

од Vladimir Zorba

„Македонско лекарско друштво доделило плакети и благодарници на лекари во првите борбени редови против КОВИД-19. Не би било ништо спорно доколку во листата беа застапени и најпосветените доктори во таа борба, а сите кои поминале на инфективното одделение секако знаат кои се тие“, сподели генералниот секретар на владата, Мухамед Зекири.

Со сета почит кон сите што добиле признанија, но СРАМОТА е за ова лекарско друштво што меѓу имињата на доктори го нема доктор Илир Демири, еден од најпосветените во борбата против Ковид-19 од самиот почеток на пандемијата, па сѐ до денес и кој дури и на штаки секој ден е со пациентите!

Кој лежел на инфективна како што лежев и јас со мојата фамилија, точно знае за што зборувам и сигурно ја дели мојата вознемиреност поради овој СРАМ на Македонското лекарско друштво!

Меѓу запоставените има и многу други 100% посветени доктори кои исто така ги нема на листата. – Не сакам да верувам дека тоа е поради нивната етничка припадност или некаква си друга определба.

П.С Во меѓувреме разбрав дека меѓу тие што добиле пофалници се наоѓаат и две докторки кој ниту еднаш не влегле и немале контакт со заболени од Ковид 19 и еден доктор кој на почеток од пандемијата 8 недели избегал на боледување. СРАМОТА“, пишува Зекири.

loading...

Слични содржини