Зекири на средба со Галовеј: Владата продолжува во насока на создавање на ефикасна, стручна, отчетна и транспарентна администрација

Британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј, на денешната средба со генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, пред се упати честитка за неговата нова функција и ирази подготвеност за продолжување на соработката во иста динамика. Меѓу другото, на маса на разговорот се најде и ретроспективата на постојаната британска поддшка, во процесот на реформите на јавната администрација и интезивирање на стопанската соработка меѓу двете земји.

Од прес-службата на Влада, велат дека на средбата биле истакнати придобивките од традиционално пријателските и одлични билатерални односи на Обединетото Кралство и Северна Македонија, при што беше констатирана безрезервната поддршка по однос на актуелните реформи за поефикасна јавна администрација и беше изразена подготвеност за користење на британските искуства и решенија со цел подобрување на степенот на професионалност, ефективност и компетентност во работењето на администрацијата.

„Генералниот секретар Зеќири ја истакна важноста од спроведувањето на демократските реформи на јавната администрација, нагласувајќи дека Генералниот секретаријат и Владата продолжуваат во насока на создавање на ефикасна, стручна, отчетна и транспарентна администрација, која ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните и бизнис секторот“, пишува во владиното соопштение.

Инаку, на средбата, позитивно бела оценета стопанската соработка меѓу двете земји, при што беше изразена надеж за интензивирање на добрата соработка во однос на обезбедување уште поголем број странски инвестиции, информираат од Владата на С.Македонија.

Слични содржини