Зеќири: Одговорните политичари се вакцинираат, само за Мицкоски не се знае дали е вакциниран

од Vladimir Zorba

„Партијата на Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, застана зад протестите кои го загрозуваат јавното здравје и се противат на масовната имунизација против коронавирусот“, вели денеска на прес-конференција Белкиса Зеќири, пратеничка на СДСМ.

„Наместо да повикаат на масовна вакцинација како најбрз начин за надминување на пандемијата, Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ поттикнуваат и поддржуваат протести против мерките за заштита од коронавирусот.

За време на целата пандемија, Христијан Мицкоски ниту еднаш не повика на почитување на мерките за заштита, ниту еднаш не повика граѓаните да се вакцинираат, ниту еднаш не изрази поддршка за здравствените работници.

Во целиот свет, одговорните политичари кои што им мислат добро на граѓаните, поттикнуваат на масовна вакцинација, објавуваат фотографии од моментот на вакцинацијата токму заради тоа.

Само од Мицкоски нема такво нешто. Јавноста не знае дали е вакциниран“, вели таа.

Слични содржини