Актуелно
Почетна / Македонија / Зекири: СДСМ сака да оди на избори со ВМРО-ДПМНЕ за да ги порази

Зекири: СДСМ сака да оди на избори со ВМРО-ДПМНЕ за да ги порази

Во гостувањето на ТВ 24, потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири истакна дека СДСМ сака да оди на избори со ВМРО-ДПМНЕ за да ги порази.

-СДСМ нема отстапено од своите позиции, ние сакаме да постигнеме договор, за тоа време има до сабота. Ако се укине вонредната состојба ние треба да го почитуваме законот и уставот односно уредбата која што кажува дека треба да се одмрзнат роковите и ќе треба да почнат да течат 22 дена. Има канал за комуникација меѓу двете партии и се надеваме и посакуваме да постигнеме заеднички датум и да настапиме на избори. Рокот постои дај да одиме на избори.

Зекири го обвини министерот на МВР, Наќе Чулев дека не преземал никакви мерки,  и дозволил да се одржуваат масовни ифтарски вечери, па затоа во овие општини има најмногу заболени од Ковид-19.

-Со оваа болест се водиме што кажуваат епидемиолозите, лекарите и стручните лица кои велат дека борбата против Ковид-19 и натаму ќе трае. Последните случаи на заразени лица, поголемиот дел се резултат кога министерот Наќе Чулев прекина да казнува луѓе и дозволи во овие населби каде има најмногу новозаболени да се организираат масовни ифтари без да се преземат никакви мерки и тоа во време на полициски час.Наќе Чулев свесно очигледно по наредба на врвот на ВМРО-ДПМНЕ играше на оваа карта да нема казнување и почитување на мерките и луѓето да се заразуваат и вие да може да бегате од избори, рече Зекири.

loading...