Зеќири се заблагодари за довербата по назначувањето за Генерален секретар на влада

од Nikola Popovski

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој неодамна се повлече од пратеничкотo место, се заблагодари за довербата по назначувањето за Генерален секретар на влада.

„Денес од Владата на Република Северна Македонија бев именуван за нејзин Генерален секретар. Огромна чест и уште поголема професионална обврска на патот кон реализација на зацртаната Програма за нашата држава .Благодарам за довербата!“, напиша Зекири на Фејсбук.

Зекири во политиката е од 2016-та година, откако по 18 години во новинарството ја напушта професијата и се зачленува во партијата на Зоран Заев.

Беше кандидат за пратеник на парламентарните избори во 2016 во втората изборна единица, каде партијата освои осум мандати.

Зеќири основно училиште завршил во „Лирија“ – Чаир, а средно теолошко училиште во медресата „Иса Бег“ во скопското село Кондово. Дипломирал на студиите по новинарство на универзитетот на Југоисточна Европа во 2001 година.

Тој на позицијата државен секретар на Владата го менува Драги Рашковски.

Слични содржини