Зеќири сведочеше против Рашковски: Не бев запознаен со софтверот за определување на просечна брзина

од Берта Китинска

Екс-генералниот секретар во Владата Мухамед Зеќири сведочеше против неговиот претходник во оваа институција Драги Рашковски.

Обвинителката Ивана Трајчева го прашуваше за системите кои ги имаше набавено Рашковски, како што е софтверот за кој вештак кажа дека не се ни вклучувал, но и за системот за биометриска идентификација кој, според Обвинителството, требало да мери работно време.

– Не бев запознаен со софтверот за определување на просечна брзина и одредување на казни.Jас се запознав откако се отвори случајот и од вас добивав одговори на одредени прашања. Од мојот кабинет проследуваа до службите на Владата и тоа ви беше проследено до вас како Обвинителството. Во одговорност пратен до вас, стоеше дека не постои одлука, кажа Зеќири.

Обвинителката Ивана Трајчева во изјава за медиумите потврди дека посочи дека Зеќири, потврдил дека системот воопшто не е доставен, и не е имплементиран.

– Едниот е доставен односно софтверот за сообраќајот за утврдување на брзина на возилата и изрекување казни дека не е ставен во функција. А за системот за биометриска идентификација, дека воопшто не е доставен. Впрочем и самите слушнавте дека сведокот кажа дека морало да биде направен вонреден попис за да се пронајдат тие кабини кои што се за потребите на системот за биометриска идентификација и појасни дека истите не се наоѓаат во просториите на Владата бидејќи биле обемни и немало каде се сместат, додаде Трајчева.

Случајот за Рашковски се оденсува на софтвер за сообраќајни прекршоци вреден 81 000 евра кој тој го набавил, иако ниедна институција ниту го барала ниту го користи, како и дека пред да го купи, како генерален секретар на Владата, тој лично развил таков софтвер за сообраќајни казни и го патентирал.

Рашковски тврдеше дека софтверот треба да биде дел од т.н. „Сејф сити“, но единствената институција со право да казнува, Министерството за внатрешни работи, брзо ја урна тезата на Рашковски со ставот дека ниту барало ниту планира да го користат софтверот за кој никој не го прашал.

Слични содржини