Зеќири: Црвенковски нема влијание во СДСМ

од Vladimir Zorba

Во вчерашното издание на „Click Plus“ на ТВ 21 пратеникот и потпреседател на СДСМ, Мухамед Зеќири на прашање дали би коалицирале повторно со ДУИ рече дека тој лично „не ги сака ДУИ во коалиција“ и дека тие биле „најлошото нешто што можело да им се случи на Албанците“.

Во однос на тоа дали поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски има се уште влијание во партијата, Зеќири рече дека како резултат на неговите лоши политики СДСМ ги губела изборите и дека денеска тој нема никакво влијание врз работата на СДСМ.

На прашањето од водителот кој ја пушти екс специјалната обвинителка Катица Јанева од притвор, потпретседателот на СДСМ рече дека судот работи по диктат на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, односно луѓе вработени од Муса Џафери и Сашо Мијалков.

Слични содржини