Зекири: Во ДУИ има остатоци од режимот кои не можат да се одлепат од таквиот начин на функционирање

од Viktor Jovanov

Потпретседателот на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, Мухамед Зекири, во вечерашната емисија на Алфа ТВ изјави дека останува и понатаму на ставот дека ДУИ е нужно зло и дека се уште се плаќа цената за коалицијата со албанската партија.

-ДУИ беше нужно зло, има и таму чесни луѓе, но има и луѓе остатоци од режимот кои не можат да се одлепат од таквиот начин на функционирање. Сега ја плаќаме цената за таа коалиција. Ние губевме бидејќи останаа истите луѓе во ДУИ кои служеа на режимот, вели Зекири.

Слични содржини