Зекири: За помалку од 3 години владата предводена од Зоран Заев направи многу повеќе од било која влада на нашата земја

од Aleksandar Petrovski

За помалку од 3 години владата предводена од нашиот претседател Зоран Заев направи многу повеќе од било која влада на нашата земја, за помалку од 3 години успеавме нашата земја да ја вратиме таму каде што заслужува да биде почитувана во целиот свет, направивме многу исчекори и донесовме важни одлуки за доброто на сите граѓани, рече потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири на трибина која се одржува на ФОН.

Ја стабилизиравме нашата земја, ја стабилизиравме економијата и слободно можам да кажам секако сум горд на овој пратенички состав што бев заедно со сите колеги, затоа што ќе биде запишани во историјата на нашата земја како состав кој што ги донесе најбитните и клучни одлуки за иднината на земјатa.

Гордо спомнуваме дека ја покачивме минималната плата од 9.000 денари за време на режимот на 14.500 денари во наше време што е рекорден скок во однос на покачување на минималната плата, се покачи секако и просечната плата од 22.000 на 27.400, и што е најбитно успеавме да ги решиме децениските проблеми со нашите соседи, благодарение на визијата на нашиот претседател и иден премиер ние успеавме да постигнеме компромис и решение со Грција.

Благодарение на тој договор, ние денеска гордо може да кажеме дека сме 30-та членка на најмоќниот сојуз во светот НАТО, успеавме да добиеме датум за почнување на преговорите за членство во ЕУ, но исто така не може да не спомне дека нашиот концепт за едно општество ги даде своите очекувани резултати и со крената глава може каде и да одиме во мешаните средини, во средините доминантно со албанско население, или било каде во нашата земја, дека повеќе етничките теми нема да бидат и не беа глава тема по нашите медиуми или во нашето општество, затоа што тоа го правеа само режимските партии кои 11 години знаеа на тој начин да владеат креирајќи вештачки тензии, вели потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири.

Слични содржини